Властите во Иран заплениле над шест тони хероин наменет за европскиот пазар и разбиле пет меѓународни криминални групи кои шверцувале дрога, објавија светските новински агенции, повикувајќи се на извештаи во иранските медиуми.
Во една од главните криминални групи, меѓу 11-те уапсени имало и Европејци. Иранските власти не прецизираат од кои земји се приведените, ниту, пак, за датумот кога е изведена акцијата.