Досега масата беше дефинирана преку „дедото на сите килограми“: метален цилиндар со големина на топче за голф, кој е заклучен во трезор во Франција. Повеќе од еден век ова беше единствениот вистински килограм на кој се засноваа сите останати.
Тоа повеќе нема да биде случајот. Се очекува дека на состанокот во Версај, кој ќе биде одржан во петок, владите да го одобрат планот кој предвидува отсега па натаму да се користат научни формулации за дефинирање на точната маса на еден килограм. Се очекува дека таа промена ќе има практични последици во индустријата и науката, кога се работи за ултрапрецизно мерење на тежина.
„Големото К“ – килограмот кој беше главен показател на мерка за тежина уште од 1889 година, заминува во историјата.
Тој е изработен од легура отпорна на корозија: 90% платина и 10% иридиум, а овој меѓународен прототип за килограм ретко ја гледаше светлината на денот. Сепак, неговата улога беше пресудна како основа за општоприфатен систем за мерење на маса, од што зависи и целата меѓународна трговија.