Македонија

Фактор.мк: Ова се најуспешните Охридски хотели

Најголемите седум охридски хотелиерски компании заедно направиле приход од 10 милиони евра во 2018 година, покажуваат официјални податоци достапни во базата на ЦРМ кои се однесуваат на охридските компании кои стопанисуваат со хотелите: „Метропол“, „Белви“, „Турист“, „Десарет“, „Инекс Горица“, „Свети Стефан“, „Гранит“ и „Јуник ресортс“. Од најголемите седум хотелиерски компании пет годината ја завршиле со добивка, а две работеле со загуба, објави Фактор.мк.

Очекувано најуспешна компанија е „Хотели Метропол“ која стопанисува со трите најголеми хотели на ривиерата: „Белви“, „Метропол“ и „Турист“.  Профитната маргина на оваа компанија изнесува 15,2 отсто.

На второто место е за компанијата Филип Охрид ДООЕЛ компанија што управува со хотел Филип. Оваа компанија во 2018 година остварила приход од 2,7 милиони евра и добивка од 266.000 евра.

Приход што надминува еен милион евра остварил  Хотел Гранит Охрид. 

Препознатливиот охридски хотел Инекс Горица во таа година завршил со приход од 805.000 евра и загуба од работењето во износ од 78.000 евра.

За успешно работење во 2018 година треба да се посочни новиот хотелски охридски бренд Јуник Ресортс сопственост на компанијата „Уникат 2017“ сопственост на три дами: Ирена Јакимоска, Климентина Мартиновска и Кристина Трајковска Котеска. Оваа компанија во 2018 година успеала да оствари приход од 887.000 евра и да оствари добивка од 119.000 евра, што е профитна маргина од 13,4 отсто, а има поголеми приходи од големите хотелиерски компании „Инекс Горица“ и „Охрид Турист“.

Текстот во целост на: Фактор.мк

фото:unique.mk

На почеток