Македонија

Убава вест – Малата Анастасија оди на лекување, средствата се собрани

Одлични вести од родителите на малата Анастасија ♥️
Собрани се потребните финансиски средства за нашата Анастасија ♥️

Драги хумани луѓе
Сакаме да Ве информираме дека потребните финансиски средства за нашата АНАСТАСИЈА ♥️ благодарение на сите вас се обезбедени.
Со Огромна почит ви се заблагодаруваме на хуманоста, што ни дозволивте да се бориме за животот на нашето мило дете, да може како и сите останати дечиња да се радува заедно со мама и тато.
Катица и Ристе Ризови
ОД СРЦЕ♥️ВИ БЛАГОДАРИМЕ

Напишаа родителите на малата Анастасија на фејсбук.

Малата Анастасија од Пирава, Валандово се бори со тешка форма на тумор, родителите бараа донации за операција и лекување во Турција.
Граѓаните ја покажаа хуманоста на дело.
На нашата Анастасија и посакуваме брзо оздравување и среќно детство ♥️

На почеток