Свет

Полицијата во Дубаи доби летачки мотоцикли

Руската компанија од Калифорнија, Hoversurf, уште минатата година ѝ вети на полицијата во Дубаи дека ќе ѝ ги испорача првите примероци на електрични мотоцикли со способност за вертикално полетување и слетување.

Годинава  тие го исполнија ветувањето претставувајќи го првиот сериски модел S3 на технолошкиот саем Gitex, а според Си-ен-ен, момчињата во сино веќе започнаа со запознавање и обука на новата технологија. Летачките мотоцикли ќе бидат во употреба од 2020 година.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток