Македонија

Мигрант од Мароко бил држен како заложник во Ваксинце

На 17.01.2020 околу 11.00 часот во Полициска станица Сопот, М.М(25) од Палестина и Х.С(26) од Мароко, мигранти сместени во Транзитен центар Табановце пријавиле дека последните два дена А.К.(28) од Мароко бил држен во куќа во с.Ваксинце од лица од Пакистан и од с.Ваксинце, со цел да му бидат изнудени пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

фото: Архива

На почеток