Смртта на еден од најдобрите кошаркари Коби Брајант ги погоди сите. Најпрво со неверување но сепак наговите блиски се простуваат од Брајант.Еден од најдобрите тандеми во историјата на НБА лигата беа Шекил Онил и Коби Брајант. Веста за смртта на Брајант и тоа како го погоди Шеки, но но и неговиот син Шереф кој се огласи на Твитер. Тој напиша дека само неколку часа пред да загине Брајант му испратил порака.
„Буквално утрово ми се јави. Те сакам засекогаш, те сакам“ напиша синот на Шекил со фотографија од пораката која Коби му ја пратил.
https://twitter.com/SSJreef/status/1221531785273569280?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1221531785273569280&ref_url=https%3A%2F%2Fsportclub.mk%2Ffoto-sinot-na-shekil-objavi-poraka-koja-kobi-mu-ja-pratil-nekolku-chasa-pred-da-zagine%2F
И Најдобриот кошаркар во историјата на овој спорт, Мајкл Џордан, рече дека Коби Брајант го чувствувал како помал брат. Брајант и неговата 13-годишна ќерка Џиана, загинаа во хеликоптерска несреќа во Калифорнија.
фото: Архива