Приватниот хеликоптер на Брајант се урна вчера пред 10 часот локално време во Калабасас, околу 50 километри северозападно од Лос Анџелес, Калифорнија. Според последните податоци, во леталото се наоѓале вкупно девет лица, сите се погинати, соопшти полицијата од Лос Анџелес.Брајант и сопатниците патувале на младински кошаркарски турнир. Помеѓу нив биле и ќерката на Брајант, Џијана, бејзбол тренерот Џон Алтобели, неговата сопруга Кери и нивната ќерка Алиса, која играла во ист тим со Џијана.
Коментаторите во САД веќе ја окарактеризираа трагичната несреќа како национална трагедија која ќе остане запаметена како и атентатот врз претседателот Џон Ф. Кенеди или терористичките напади на 9 септември 2001 година.
Денеска, на местото на несреќата, тим од 18 лица на Националната служба за безбедност на транспортот (НТСБ), бараа докази и ја пребарува црната кутија од хеликоптерот.
Неофицијално, причина за несреќата била намалена видливост и магла со превисока влажност на воздухот, а по ударот се случил силен пожар. Полицијата во Лос Анџелес вчера потврди дека поради магла и намалена видливост ги приземјила своите хеликоптери во текот на раните утрински часови до попладнето. Оттаму информираа дека тоа се случува кога видливоста е минимум до три километри а растојанието помеѓу облачниот масив и теренот е 243 метри.
Брајант е роден во Филаделфија во 1978 година, а пред да замине за Лос Анџелес, добар дел од своето детство го поминал во Реџио Емилија, мало гратче во северниот дел на Италија, каде неговиот татко, Џо Брајант, играл кошаркара пет сезони.