Македонија

Педесетгодишен маж од Кичево со прострелна рана во градите пронајден во својот дом

Педесетгодишен маж од Кичево бил пронајден починат во семејниот дом со прострелна рана во пределот на градите.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Кичево, при што до починатиот бил пронајден ловечки карабин „чешка зброевка“ во калибар 7,62 мм и еден испукан патрон.

По наредба на јавен обвинител, извршена е обдукција на телото на починатиот, при што констатирано е дека С. А. починал како последица на испукан патрон при ракување со оружјето.

Телото на починатиот по обдукцијата му е предадено на семејството.

фото: Архива

 

На почеток