Скопје

(ВИДЕО) ТВ24: Наезда на мистериозни бубачки во скопско Дивље

Освен радоста, снегот оваа зима во скопското село Дивље донесе и наезда на инсекти од непозната природа, објави ТВ24.

Никогаш досега ваква слична појава не била забележана од страна на жителите на ова скопско село, кои деновиве стравуваат, бидејќи не знаат дали овие инсекти носат опаснаст по нивното здравје.

Паниката помеѓу жителите на Дивље ја смируваат биолозите кои тврдат дека станува збор за бескрилни инсекти кои може да бидат водни или сувоземни, а кои се распостранети насекаде низ Европа и низ светот, без опасни за човекот и животната средина.

видео: ТВ 24

На почеток