Скопје

Чуварот пронашол куршум во тоалет во студентски дом во Скопје

Синоќа околу 22.10 часот во СВР Скопје, Н.С.(55) од Скопје, вработен како чувар, пријавил дека околу 20.30 часот во тоалет на студентски дом на ул.„Архимедова“ во Скопје, забележал зрно од куршум кое го пробило кровот.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје и го подигнала зрното за понатамошна постапка.

фото: Архива

На почеток