Свет

Во Германија е потврден прв случај на смртоносниот коронавирус

Во Германија е потврден прв случај на смртоносниот коронавирус, кој се појави во Кина и се прошири и во други земји во светот. Баварските здравствени работници потврдија вчера дека со вирусот е заразен жител на Стамберг, место оддалечено триесетина километри од Минхен.

Заразеното лице засега е во добра состојба и под постојан надѕор на лекарите. Не се објавени детали за болниот, ниту неговата возраст и националност.

Луѓето кои биле во контакт со пациентот се известени за можни симптоми на болеста, односно мерките кои требаат да ги преземат во случај на промена на здравствената состојба, објави баварската здравствена служба.

Во Кина пак бројот на починати од коронавирусот се зголеми на 106 лица. Во истовреме се забележани 1.770 нови заразени, соопштија денеска кинеските власти. Со тоа во Кина вчера имало над 4.515 потврдени случаи на заболени со коронавирусот.

фото: Архива

На почеток