Македонија

Рустеми: За предистрагата и истрагата за „Поштенска банка” ги завршив, после … сам, без интервенции од Јанева

Обвинителот Бурим Рустеми, кој беше дел од тимот на СЈО, денеска сведочеше во Кривичниот суд, на рочиштето за случајот “Рекет”.Рустеми го водеше случајот „Поштенска банка“.

– Предистрагата траеше околу една година, а се оформи врз основа на еден разговор од “бомбите” каде забележавме дека постојат основи на сомнение дека одредени лица сториле тешки кривични дела. Се работеше интензивно се до моментот кога беше решено да се отвори истрага, во октомври, рече Рустеми.

На прашањето дали имал напатствија од Јанева за определена недвижност, Рустеми рече:

„За предистрагата и истрагата за „Поштенска банка” ги завршив сам, без интервенции од Јанева. После ставот на Врховен за нашите предмети настана хаос. Се отвори дилема како да постапуваме. Заедно одлучивме дека рокот од 18 месеци не е амнестија за обвинетите. Потоа на неформален состанок кај Јанева таа истакнала дека размислува да се утврди штетата во предметот „Поштенска банка”, да се исплати и обвинетите да не бидат затворени“, посочи Рустеми.

фото: Архива

На почеток