Вечерва во Охрид со изложба, обраќања и концерт на годинешната средба на македонските Египќани во Охрид.
Во организација на Здружението „Пирамида ЗЕМ“ Од Охрид вечерва во Центар за култура Григор Прличев во Охрид ќе се отвори изложба на стари фотографии низ кои се прикажува дел од фото документацијата која го покажува животот на Египќаните на овие простори во последниот век.
Изложбата за отворена ќе је прогласи познатиот историчар Доц. Д.р Никола Митровиќ Бабе.
По ова во големата сала на центарот ќе се одржи официјално доделување на благодарници на личности и институции кои на одреден начин се помагатели на Египќаните во Охрид, а свои обраќања ќе имаат Градоначалникот на Охрид Јован Стојаноски и советникот на Египќаните Бесим Демиров.
По ова ќе следува музички дел.