Свет

Се урна авион на Алјаска, загинаа пет лица

Пет лица загинаа кога патнички авион се урна југо-западно од Тунтулиак на Алјаска. Спасувачките екипи биле извесени дека се урнал „застарен патнички авион кој патувал од Бетел до Кипнук со еден пилот и четворица патници“.

Веднаш бил испратен хеликоптер од Центарот за спасување кој го лоцирал местот на несреќата.

„Сите патници се починати“, соопштија надлежните.

Во објавата на „Фејсбук“, авионската компанија соопшти дека се откажани сите летови за денеска.

извор: Makfax

На почеток