Македонија

(ВИДЕО) Мицкоски: Во среда очекувам да биде распуштено Собранието

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека очекува во среда да биде распуштено  Собранието.

„Како што се договоривме на оној состанок кај претседателот на државата, господинот Стево Пендаровски, очекувам сите политичари да си стојат на договореното“, рече Мицкоски.

До крајот на денешниот ден, предлог-законот за јавно обвинителство треба да биде усвоен на владина седница, а во наредните три дена дискутиран и изгласан на собраниска седница.

Вакви се очекувањата на лидерот на најголемата владеачка партија, Зоран Заев, по интензивните разговори со работните групи, во кои се вклучил и тој.

Тој изјави дека време и дека законот ќе биде донесен, а Собранието ќе биде распуштено на 12-ти февруари.

На почеток