Македонија

Џаафери: Ако сакаат ново парламентарно мнозинство, ред е да дојдат и да кажат

Денеска во 11 часот треба да продолжи седницата на која се расправа за предлог законот за Јавното обвинителство. Таа синоќа беше прекината од претседателот на парламентот, поради немање услови да продолжи, бидејќи за збор во расправата се јавиле 38 пратеници. Но она што го привлече вниманието беше повикот на Џафери, партиските лидери да се изјаснат дали имаат желба изборите да се одржат на 12-ти април.

Џафери во изјава за Дојче веле тврди дека направил сè што е во негова надлежност, а од партиите побара да кажат дали навистина сакаат избори. Уште поинтересна е неговата изјава упатена до партиите: „Крај на краишта, не сме венчани“.

– Јас не продавам време и не располагам со екстра време. Не знам кој со кого се расправа и за што се убедува, но ако сакаат ново парламентарно мнозинство, ред е да дојдат и да кажат, а не да се расправаат преку мене. Нека објаснат зошто пред шест месеци се договорија да има избори на 12 -ти април! Ако не сакаат избори, ако сакаат ново мнозинство, нека кажат. Не сме венчани. Но, ако со тоа се вратиме во периодот на политичката криза каква што беше во 2015 година, тоа ќе биде нивен проблем – вели Џафери во разговор за ДВ.

фото: Архива

На почеток