Македонија

Приведен малолетник од Куманово, се сомничи дека украл електрични апарати за домаќинство и обувки

Во текот на изминатата недела СВР Куманово преземаше мерки и реализираше повеќе кривични дела „тешки кражби“ од куќи и станови.

На 12.02.2020, врз основа на судска наредба, извршен е претрес во домот на Р.М.(47) од Куманово, при што се пронајдени и одземени електричен шпорет и машина за перење, додека од неговиот 16-годишен син одземени се 20 пара машки и женски обувки. Истиот ден бил извршен претрес и во домот на И.З.(31) од Куманово, при се пронајдени и одземени неколку електрични апарати за домаќинство и повеќе други предмети за домаќинство. Поради постоење основи на сомнение дека е сторител на кривично дело „тешка кражба“ од слобода е лишен 16- годишникот, во присуство на неговата мајка. По целосно документирање и расчистување на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

фото: Архива

На почеток