Македонија

Спасовски: „Распуштање на Собрание нема без носење на законите“

„Најпрво треба да се донесат законските решенија, па потоа парламентот да се распушти“, изјави техничкиот премиер Оливер Спасовски.

Техничкиот премиер оцени дека кога доаѓаат избори секогаш има тензии, кои, како што рече, се само собирање политички поени. Во однос на распуштањето на Собранието Спасовски дециден:

„Лидерска средба ќе видиме дали и кога ќе се организира, а распуштање на Собрание нема без носење на законите“.

Во врска со релациите на СДСМ со ДУИ, Спасовски вели дека се коректни.

– Релациите со ДУИ се коректни, како што ја почнавме коалицијата со нив, така и ќе ја завршиме. Не очекувам да има дополнително неразбирливо одложување на носењето на законските решенија, ако дојде до тоа да се опструираат законите тогаш ќе му ја мислиме за нов коалициски партнер – рече Спасовски.

фото: Архива

 

На почеток