Свет

ВИДЕО: Деветмина убиени во пукање во близина на Франкфурт, напаѓачот е пронајден мртов

Најмалку девет лица се убиени, а петмина се повредени во вооружен инцидент во германскиот град Ханау во близина на Франкфурт. Полицијата соопшти дека напаѓачот е пронајден мртов во својот дом. Специјалните полициски сили пронајдоа уште еден труп во домот. Истрагата е во тек.

„Нема индикации дека биле вмешани и други осомничени. Еден од двајцата пронајдени мртви многу е веројатно дека е сторител“, соопшти полицијата на „Твитер“.

Непознатите напаѓачи пукале врз гости во два „шиша“ бара во германскиот град Ханау. Полицијата засега нема точна бројка на загинати и ранети, ниту објаснување за мотивот на нападот. Најпрвин бил нападнат во бар во центарот на градот, а напаѓачот или напаѓачите потоа пукале во уште еден бар во друга градска населба. Локалните медиуми јавуваат за масовно полициско присуство во градот што го надлетуваат и хеликоптери.

https://twitter.com/SeloSays_DTG/status/1230247752975736833?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1230249009480183808&ref_url=https%3A%2F%2Fmakfax.com.mk%2Fsvet%2F%25d0%25b2%25d0%25b8%25d0%25b4%25d0%25b5%25d0%25be-%25d0%25be%25d1%2581%25d1%2583%25d0%25bc%25d0%25bc%25d0%25b8%25d0%25bd%25d0%25b0-%25d1%2583%25d0%25b1%25d0%25b8%25d0%25b5%25d0%25bd%25d0%25b8-%25d0%25b2%25d0%25be-%25d0%25bf%25d1%2583%25d0%25ba%25d0%25b0%25d1%259a%25d0%25b5-%25d0%25b2%25d0%25be-%25d0%25b1%25d0%25bb%25d0%25b8%2F

Инцидентите се случија синоќа во 22 часот. Регионалниот портал „Форсрунг онлајн“ пренесува дека едно лице пукало кон минувачите од автомобил. Наводно, првин бил нападнат наргиле-барот „Миднајт“ во центарот на градот Ханау, каде што биле убиени три лица. Сторителот потоа се возел во Кеселштат и влегол во друг бар, „Арена бар и кафе“, каде што убил пет лица. Сведоци велат дека слушнале десетици истрели од огнено оружје.

Ханау е град со речиси 100.000 жители, на 25 километри од Франкфурт.

Од полицијата претпоставуваат дека напаѓачот извршил самоубиство во својот дом кога побегнал со темен автомобил, но мотивот за нападот е нејасен. „Билд“ пишува дека мажот е германски државјанин – во неговиот автомобил биле пронајдени муниција и оружје, како и списанија, а тој имал лиценца за ловечко оружје.

На почеток