Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Љупчо Јаневски, тргна со автобус на саем за туризам во Белград. Саемот започна вчера, и ќе трае до 23 февруари.
Станува збор за 42-от меѓународен саем за туризам ”SAJAM TURIZMA” во Белград. Првиот ден од саемот е отворен само за професионалци во туристичката индустрија на кои им се овозможува удобна работна средина со цел подобро вмрежување со тековните партнери и запознавање на нови.
Секоја година, ”SAJAM TURIZMA” е домаќин на повеќе од 1000 изложувачи од над 50 земји, како и над 12.000 професионалци од туристичката индустрија – учесници, посетители и гости.
Македонија на овој саем се претставува секоја година. Нашата земја е примамлива туристичка дестинација за Србите.
https://www.facebook.com/ljupco.janevski.1/posts/2730914130337332
фото: ФБ Љупчо Јаневски
![](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2022/01/2222.png)