Коалицијата меѓу СДСМ и Беса, ќе биде победник во шестата изборна единица, изјави лидерот СДСМ Зоран Заев на денешната прес конференција.„Коалицијата СДСМ – Беса и другите партии ќе биде победник на овие избори, не ДУИ.
„Јас би му порачал на нашиот сегашен коалициски партнер да не си го лаже паметот, коалицијата СДСМ-Беса и другите партии ќе биде победник на овие избори, не ДУИ. И тоа во 6. изборна единица каде што најмногу се мерат влијанието на втората етничка заедница по големина во државата, на албанската“, истакна Заев на прес-конференцијата на која промовираше мерки од економската програма за изборите.
На прашање како овој потег ќе влијае врз гласачите од македонската етничка заедница, Заев рече дека е уверен оти Македонците се уште повеќе мотивирани да гласаат за победникот кој се дистанцирал од етнички предрасуди и изградил единство.
фото: Архива
