Македонија

(ВИДЕО) Без да се одигра чочек, исто како да не се изградило

Штипскиот градоначалник Благој Бочварски на Фејсбук се пофали дека Штип испишува нова историја затоа што ќе се  трасира пат за иднината, за побрз развој на градот, за денешните и за идните генерации, за развој на бизнис-секторот, за работниците и за студентите.

  • Утре Штип испишува нова историја, трасираме пат за иднината, за побрз развој на нашиот град, за денешните и идните генерации, за развој на бизнис секторот, за работниците и студентите, за сите граѓани. Мостовите имаат моќна и важна симболика во општеството – тие се симболи на поврзувањето, на соработката, на развојот. Но, мостовите имаат и многу конкретна економска вредност, затоа што овозможуваат суштинска експанзија на продуктивната размена. Затоа овој мост и украс на градот ќе го носи името мост „Иднина“ како конкретен израз на соработката помеѓу сите ентитети вклучени во локалното управување, но и на нашата одлучност да го отвориме регионот за нов развој и просперитет денеска и во иднината. Понеделник 2 март 2020 година во 13 часот после 65 години го пуштаме во употреба новиот, челичен мост на Брегалница прв од ваков тип во државата, напиша Бочварски на ФБ.

 

https://www.facebook.com/bocvarski/posts/10215036342893595

Но, на социјалната мрежа Твитер веќе се појави видео-снимка од една забава направена на тој мост. Нешто слично како и чочекот во новиот тунел на автопатот Смоквица-Демир Капија.

фото: ФБ

На почеток