Магазин

Тони Андреев: На настапи најбројни ми се девојките и ми нудат се и сешто

Иако на пошироката публика и се претстави неодамна, младиот пејач Тони Андреев веќе мака мачи со обожавателките. Тони пред извесно време ја промовираше дебитантската „До мене, а толку далечна“, но тој одамна се бави со музика и настапува по ноќните клубови каде врие од девојки на кои им е особено атрактивен заради изгледот. Некои после некоја чашка се ослободуваат, па вели, не само што му се доближуваат туку има и непристојни предлози.

„Има се, но засега одлично се снаоѓам и не можам да се пожалам. Ретко сакам да зборувам за мојот приватен живот во јавноста или да споделувам детали по социјалните мрежи, па затоа дел од девојките, кои мислат дека сум слободен дечко, знаат да искоментираат интересни работи, па дури и додека пеам. Неколкупати се случило да имам и непристојни понуди со идеи што да се прави после настап, но тоа не го гледам никако негативно, а и знам дека алкохолот си го прави своето“, вели Тони, и уште додава дека на почетокот по премиерата на неговата песна малку бил збунет и најмалку што очекувал било публиката да ја пее со него песната.

„На почетокот искрено бев малку збунет кога на моите настапи ја слушав публиката како заедно со мене ја пеат песната на која максимално и се посветив, и тоа навистина ме радува“, вели Тони.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток