Магазин

Наместо вода, во италијанско гратче од чешмите течело квалитетно вино

Несреќа или пак среќа. Жители на населба во близина на италијанскиот град Кастелветро ди Модена првин многу се збуниле, кога од чешмите од водоводот наместо вода почнало да им тече вино. Искусните за вино граѓани веднаш утврдиле и за какво вино станува збор – квалитететното пенливо црвено вино што се произведува во нивното гратче „ламбруско граспаросе“, пренесува „Газета ди Модена“.

Виното се нашло во водоводните цевки поради техничка грешка, од блиската винарница. Од водоводот реагирале брзо, па грешката, за среќа или за жал на граѓаните, набрзо била отстранета.

фото: The Scottish Sun

 

На почеток