Свет

(ФОТО) Кинезите дизајнираа робот кој ќе прегледува пациенти со коронавирус

Кога е во прашање Кина, ништо неможе да не изненади. Истражувачите на еден од најголемите кинески универзитети дизајнирале робот за кој велат дека може да спасува животи за време на епидемија на корона вирус.

Машината се состои од роботизирана рака на тркала, која може да снима ултразвук, да земе брис од уста и да ги слуша звуците на органите на пациентот, како што обично се прави со стетоскоп.

Со помош на овој робот, лекарите кои ги спроведуваат прегледите нема да мора да бидат во иста просторија со пациентите, па дури може да бидат во друг град, пренесува „Ројтерс“.

фото: Tom’s Guide

 

На почеток