Македонија

Татко си ги пријавил синовите во полиција, затоа што се степале

Татко ги пријавил синовите во полиција за нарушување на јавниот ред и мир. Имено, вчера во 21.05 часот 59-годишниот Г.Д. од с.Батинци, скопско, пријавил дека неговите двајца синови го нарушиле јавниот ред и мир.

28-годишниот А.Д. и 37-годишниот  М.Д. физички се пресметале пред нивната куќа во с. Батинци.

Полицијата извршила увид на местото на настанот. Сочинети се два записници за констатиран прекршок по член 11 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

фото: Архива

На почеток