Македонија

Познати носителите на листи за сите изборни единици на СДСМ и коалицијата

Министерот за надворешни работи Никола Димитров и вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска ќе бидат носители на кандидатската листа на коалицијата предводена од СДСМ во првата изборна единица на парламентарните избори на 12 април, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК од високи партиски извори. Како што претходно најавија од партијата, коалицијата на СДСМ во секоја изборна единица ќе има машко-женски тандем како носители на листата.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев ќе биде носител во четвртата изборна единица, заедно со кандидатка од коалиционен партнер. Во втората изборна единица, носители ќе бидат техничкиот премиер Оливер Спасовски и директорката на УЈП Сања Лукаревска. Министерката за одбрана Радмила Шекеринска и координаторот на пратеничката група Јован Митревски ќе бидат носители во петтата изборна единица. Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски и пратеничката Јагода Шахпаска ќе бидат носители во третата изборна единица и во шестата изборна единица носители ќе бидат лидерот на Беса Биљал Касами и Фаница Николоска од СДСМ.

извор: Сакамдакажам.мк

На почеток