Со оглед на настанатата состојба и кризните мерки за справување со пандемијата на COVID-19, и покрај нашата целосна подготовка за настап на овие избори, сметаме дека во прв план треба да се стави здравјето на граѓаните, а предвремените парламентарни избори закажани за 12 април да се одложат за период од најмалку два месеца.
Предлагаме сите вклучени институции и политички субјекти да го прифатат предлогот на Претседателот Стево Пендаровски за одлагање на изборите. Во овој период на криза, треба да се отфрлат политиканските калкулации на партиите, да се соочиме со настанатата реалност, да се вразумиме сите и да бидеме одговорни и солидарни.
Македонски концепт ги откажува и ги замрзнува сите планирани активности, вклучително и прес конференцијата којашто беше закажана за денес.
Повикуваме на единство на нацијата во справувањетосо корона вирусот, да се оставаат на страна партиските и личните интереси. Затоа што државниот и јавниот интерес е пред сè!
Ви благодариме и посакуваме сите да останеме здрави и безбедни.
Македонски Концепт
фото: Архива
