Македонија

Влада: Судовите да направат план за одложување на судењата

Владата на седницата вчера порача до Судскиот совет и на Врховниот суд да ја разгледаат можноста и да направат план за одложување на судењата, со исклучок на оние судски предмети кај кои постои потреба од итност на постапување.

Итноста се однесува на предмети кои се пред застарување, предмети во кои се изречени мерки притвор или други мерки за обезбедување на присуство, како и предмети кај кои сериозно би било нарушено правото на судење во разумен рок, предмети кои се стасани до изрекување пресуди, предмети за кои се одлучува без јавна расправа.

фото: Архива

На почеток