Македонија

Македонски државјани од Косово сакале илегално да влезат во земјава

На 17.03.2020 во 13.10 часот полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Белановце, при обиколка на терен од граничниот премин кон с.Белановце, ги привеле А.А.(29) и М.А.(21), двајцата од Куманово, поради тоа што илегално ја преминале државната граница од Р.Косово кон Р.С.Македонија. По извршена проверка било констатирано дека М.А. се барал врз основа на судска наредба од Основен суд Куманово за издржување казна затвор од траење од шест години. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

фото: Архива

На почеток