На тројца од петте лица осомничени за физичката пресметка што во Гостивар се случи минатата недела судот им определи притвор во времетраење од 30 дена. За двајца од осомничените определен е куќен притвор, соопшти обвинителството.
Петмината осомничени учествувале во физичка пресметка во Гостивар, каде што на 14 ноември годинава, во 14 часот, во центарот на градот, на прометната улица Браќа Ѓиновски нападнале две лица употребувајќи физичка сила и дрвени палки.
Од обвинителството велат дека мотивот за нападот е предмет на натамошно утврдување во истражна постапка што ја води надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар.