Македонија

„Зелена лупа“: Ќе бараме азил во Унгарија за сите жртви од времето на Груевски

“Почитувани жртви на правосудниот систем од времето на “жртвата” Никола Груевски.
Здружение Зелена Лупа Ве повикува сите Вас:
– Што бевте апсени со специјалци на брутален начин;
-Што Ви беше нарушена презумпцијата на невиност;
-Што ви носеа монтирани сведоци;
-Што Ви местеа вештачења;
-Што лежевте притвори без основа;
-Што не добивте фер судски процеси;
-Што ве осудија без докази а по нарачка;
-Што имате затворски казни за долежување
-Што лежите затвор во моментов а имате право на излез или викенд;
-Што трпите последици од судски неправди;

Сите Вие што чувствувате потреба од правда која Ви била украдена и одземена во времето на Грујо. Ве повикуваме
да се јавите на бројот 02 60 90 124 или да ги посетите канцелариите за Здружение Зелена лупа.
Зелена лупа ќе Ви помогне околу докумантација и информации како да побарате Азил од демократска Унгарија!

Сите ќе бараме ист третман за постапка за Азил како и Никола Груевски!
Демократска Унгарија ќе постапи на ист начин со сите нас како и со Никола Груевски,” стои во соопштението.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток