Македонија

Митрев: Висок функционер крадел дрва за време на полициски час?

Од неофицијални извори добив информација која верувам дека МВР во текот на денешниот ден уредно ќе ја објави во својот билтен, дека претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ- Могила, Оливер Ристески, на 11.4 2020 година, за време на полициски час, бил фатен како краде дрва. Оваа информација ја прифаќам како големо разочарување, бидејќи актот сепак е извршен од лице кое има висока функција во редовите на опозициската партија ДПМНЕ, и верувам дека има следбеници кои го почитуваат и му веруваат, истакна  Добре Митрев, носител на ИЕ4- ГДУ.

Се поставува прашањето, ако еден претседател на ОК на една општина направил ваков кривичен, срамен и недозволив акт, каков пример им дава на своите слебеници и на каков начин има план да ја води својата општина, доколку дојде до некаква функција? Дали за ваквиот тип на луѓе ќе важи правото и законот како и за обичните кои не се претседатели или водачи на одредени партии и движења? Дали партијата ВМРО-ДПМНЕ планира да преземе било какви чекори и да го исчисти својот срам во општина Могила?

Се наоѓаме во многу специфично време , време кога се бориме сите заедно против опасниот вирус Ковид-19. Владата донесе законска уредба за полициски час, каде што почнува од 10.04 2020 година и трае до 13.04 2020. Според ова претседателот на ОК- ВМРО-ДПМНЕ-МОГИЛА, Оливер Ристески, не ја испочитувал ниту законската уредба за полицискиот час! Криминал, непослушност, несериозност во високите редови на ДПМНЕ! Ова е нешто на што граѓаните треба да обрнат големо внимание и да бидат претпазливи на кого ќе го дадат својот глас на следните избори. Замислете само во опозициско време, претседател се дрзнал да краде дрва, како би било во позициско? Се надевам дека одговорните институции ќе го решат овој случај и соодветно ќе одговорат на криминалот кој е направен, истакна  Добре Митрев, носител на ИЕ4- ГДУ.

фото: ГДУ

 

На почеток