Русија стана најголем извор на увоз на нови случаи на коронавирус во Кина, објави државниот весник „Глобал тајмс“, пренесува „Ројтерс“.
„Русија е последниот пример на неуспех во контролата на увезените случаи и може да послужи како предупредување за другите. Кинескиот народ гледаше дека Русија станува сериозно погодена земја … Ова треба да го вклучи алармот: Кина мора строго да го спречи приливот на случаи и да избегне втор бран на заразата“, се вели во весникот кој го води Комунистичката партија.
Кинеската североисточна гранична провинција Хеилонгџианг вчера забележа 79 увезени случаи на коронавирус. Сите нови случаи биле кинески државјани кои патувале назад во земјата од Русија, јавија државните медиуми.
Полицијата на Хеилонгџианг денеска соопшти дека ќе ги награди граѓаните за пријавување илегални мигранти кои преминуваат во покраината.
извор: Макфакс