Првиот човек во епидемиолошкиот тим во Србија, кој ја води битката д-р Предраг Кон на општо изненадување соопшти преку фејсбук статус дека одлучил да се повлече од оваа борба и да им ја остави пандемијата на други свои колеги.
-Како што читам на Фејсбук, јас и стручниот тим сме главни виновници за продорот на вирусот во Геронтолошкиот центар во Ниш. Поради тоа, време е да се повлечам и да им препуштам на подобрите да ја водат битката со пандемијата. Подобро не знам и не умеам. Војни не сакам да водам против никого, освен против вируот. Сиот гнев наместо на ситуацијата, се сврте кон мене и кон стучниот тим и време е да се повлечам, напиша доктор Кон.
фото: Glas Srpske