Педесет и осумгодишен скопјанец загина во сообраќајна несреќа што се случила вчера попладне на магистралниот пат Кичево – Гостивар, кај место викано „Сатеска“.
Во несреќата учествувале автомобил „астра“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.А.(32) од село Зајас и „хонда“, со скопски регистарски ознаки, управувано од В.С.(58) од Скопје.
Во незгодата В.С. се здобил со повреди, по што бил пренесен во Медицинскиот центар Кичево, каде починал.
Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа на Полициската станица Кичево.
Фото: Архива