Македонија

(ВИДЕО) Филипче: Заразен вработен во лабораторијата на Детска клиника, четворица во изолација

Лаборант од Детската клинка во Скопје е позитивен на коронавирус, информираше на денешната прес конференција министерот за здравство, Венко Филипче. Како што кажа тој, на четворица од вкупно 18 вработени им е одредена мерка изолација.

„Случајот е изолиран, епидемиолозите направија анализа, на 4 од 18-те вработени им е препорачана изолација. За време на извршувањето на работните задачи, користена е целосна заштитна опрема, според протоколот“, рече Филипче.

Во одговор на новинарско прашање, Филипче истакна дека во моментов неможе да каже дека заразениот имал директен контакт со пациент, од каде го добил вирусот. Тој додаде дека персоналот работи со целосна заштитна опрема во лабораториски услови.

https://www.facebook.com/VladaMK/videos/221106085831023/?v=221106085831023&notif_id=1586875364747388&notif_t=live_video

 

На почеток