Свет

ОН предупредува на „опасна епидемија од дезинформации”

Коронавирусот предизвика „опасна епидемија на дезинформации“, предупреди генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, меѓутоа не наведе конкретни случаи на земји или медиуми кои пласираат лажни вести и теории.

„Во време кога науката и солидарноста треба да бидат во првите редови, таканаречените здравствени совети предизвикуваат штета и шират лаги, а теориите на заговор и омраза го заразија интернетот, ги стигматизираат и клеветат луѓето и групите“, предупреди шефот на ООН.

„Светот мора да се обедини против оваа болест“, порача тој, оценувајќи дека вакцината ќе обезбеди доверба и пред сè мора да се верува на науката.

„Треба да им се верува на новинарите и на оние кои ги проверуваат информациите во низата лажни теории и споделувања на социјалните мрежи. Големите компании за социјално вмрежување треба да направат повеќе за да ги отстранат омразата и штетните тврдења за Ковид-19 “, рече Гутереш.

„Заедно да ги отфрламе лагите и глупостите за да изградиме поздрав, поправеден и отпорен свет“, заклучи Гутереш во изјавата.

фото:

MINURSO

 

На почеток