Тестот за коронавирус на Хавахан Карадениз бил позитивен на КОВИД – 19 , по што оваа 107 годишна баба пред една недела била хоспитализирана со симптоми на кашлица и висока температура, пишува Агенција Анадолија (АА).
По лекувањето Хавахан Карадениз ја победи болеста и била отпуштена од болница. Карадениз од болницата ја зел нејзиниот внук од внук, Мелих Чираг.
Хавахан Карадениз беше испратена од болничкиот персонал со аплауз.
– „Најдобар третман е изолација, останување дома“ –
Главниот доктор во Болницата за едукација и истражување во Истанбул, проф. д-р Озгур Јигит, во изјавата за АА истакнал дека како и целиот свет, и Турција е погодена од пандемијата и дека против болеста моментално се борат со достапните методи за лекување.
фото: АА