Македонија

(ВИДЕО) Со полициска придружба и во строго контролирани и безбедни услови синоќа пристигна група која ќе биде во карантин во Охридски хотел

Продолжува процесот на репатријација на државјани на Македонија кои се затекнаа во странство.  Синоќа во Охрид со полициска придружба и под строги правила беше донесена нова група, која е сместена во хотелот Климетица.

Во денешното соопштение од МВР стои дека за изминатото деноноќие на 219 лица им се издадени решенија за изолација, а 84 лица потпишале изјави за самоизолација.

Инаку како и досега, така и за овие наши граѓани е организиран превоз според сите пропишани стандарди и тие ќе поминат 21 ден државен карантин согласно одлуката од 40-та седница на Владата на Република Северна Македонија, која се однесува на прифаќањето на патниците што доаѓаат од високо ризична земја според листата на Светската здравствена организација.

Секој македонски граѓанин, кој се враќа во нашата земја со превозот организиран од Владата, има обврска самостојно да го плати авионскиот лет и за веќе утврдената процедура запознаени се сите патници. Сместувањето во државен карантин е во строго контролирани и безбедни услови, без никаков финансиски надомест.

Граѓаните од аеродромот во Скопје се превезуваат со безбеден и строго контролиран автобуски превоз.

Автобусите се со дезинфицирана внатрешност од страна на сертифицирана компанија, обезбедени со полициска придружба, а возачите се со целосна заштитна опрема и скафандери. За граѓаните има обезбедено закуска и вода.

видео: Охрид 1

На почеток