Коронавирус

Дечињата и родителите на хемато-онколошкото оддение се негативни на Ковид-19

По најавата на Министерот за здравство Доц. д-р. Венко Филипче дека се прават тестирање на корона-вирус на сите деца кои се хоспитализирани на хемато-онколошкото оддение, како и на нивните родители кои престојуваат со нив за време на лекувањето, Универзитетската Клиника за детски болести –Скопје информира дека овие рутински тестирања кои се според протоколите за работа поради новонастаната состојба се завршени и  резултатите на децата и родителите  се негативни на Ковид-19.
Следно, превентивно ќе се направат и тестови на сите вработени од хемато-онколошкото оддение каде нема заболени или суспектени на вирусот, а по добивањето на резултатите од истите, Универзитетската Клиника за детски болести –Скопје дополнително ќе информира.

фото: Архива

На почеток