Пронајден е охриѓанецот за кој вчера полицијата доби пријава дека е киднапиран.
Од МВР известија дека станува збор за лажно пријавување, односно тој самиот ја испратил пораката во која се вели дека киднаперите бараат пари за негово ослободување.
„На 17.04.2020 година, во 22.10 часот, СВР Охрид, во координација со полициски службеници од Секторот за општ и насилен криминал во МВР, го пронајде Б.П.(33) од охидската населба Рача. Тој, на 16.04.2020 година во 13.05 часот, на мобилниот број од неговиот брат, испратил порака дека е киднапиран од непознати лица кои, му барале пари за негово ослободување“, велат од МВР.
По целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе поднесе кривична пријава за лажно пријавување кривично дело.
фото: Архива