Свет

По историскиот пад на цената на нафтата, паднаа цените на акциите на Вол Стрит

На Вол Стрит вчера паднаа цените на акциите, особено во енергетскиот сектор, што е последица на историскиот пад на терминската цена на нафтата на американските пазари под нула, бидејќи трговците поради слабата побарувачка немаат на кого да ја продаваат, но ни каде да ја складираат.

„Доу Џонс“ потона 592 бода или 2,44 проценти, на 23.650 бодови, додека С енд П 500 или за 1,79 отсто, на 2.823 бода, а Насдак индекс 1,03 проценти, на 8.560 бодови.

Продавачите нудат 37 долари по барел на секој трговец кој сака да го преземе. Тоа е последица од падот на побарувачката на нафта, бидејќи милијарди луѓе во светот остануваат дома поради строгите мерки за сузбивање на коронавирусот.

фото: CdM

 

На почеток