Официјално излекувана од вирусот Ковид-19. Но, Филипче и МЗ не ме излекувавте, лоша терминологија, само ме изолиравте за други да не заразувам, напиша тетовката Наташа Апостолоска на „Твитер“.
Нит лекар ме прегледал, нит терапија сум примила во овие 28 дена во изолација!, додава таа.
Апостолоска е ќерка на починатиот тетовец од Заводот за рехабилитација во Козле. Таа пишуваше и за пропустите со нејзиниот татко и семејството Апостолоски.
Официјално излекувана од вирусот #Kovid19.
Но @VFilipche и @ZdravstvoMK не ме излекувавте, лоша терминологија, само ме изолиравте за други да не заразувам. Нит лекар ме прегледал, нит терапија сум примила во овие 28 дена во изолација!— Natasha Dimitrievska (@napostoloska) April 21, 2020
Фото: Твитер