На семејствата на британските здравствени работници кои починале во борбата против пандемијата „ковид-19“ ќе им бидат исплатени 60 000 фунти или 66 000 евра во рамките на новата програма за животно осигурување, објави британскиот министер за здравство Мет Ханкок.
Обединетото Кралство е меѓу државите со најголем број смртни случаи од „Ковид-19“, 21.092 заболени починале во болниците, а допрва треба да се придодадат и илјадниците починати во старски домови.
Познато е дека меѓу починатите се 98 медицински работници и помошен медицински персонал, рече Хенкок.
фото: Danas