За време на викендот, Комисијата за заразни болести ќе предложи движењето на јавен простор да биде дозволено од пет часот наутро до 19 часот навечер, а Владата на седницата која ќе се одржи попладнево, ќе треба да одлучи дали ќе ја одобри оваа мерка. „Комисијата за заразни болести предложи полицискиот час за време на викендот почнува од 19 часот до 5 часот следниот ден, утрината. Тоа ќе го дадеме како предлог и на Владата за седницата во 16 часот.
Во однос на ослабувањето на мерките, кое што е планирано да се предложи од почетокот на следната недела, практично од понеделник, останува да ја следиме состојбата во текот на денешниот ден, да ги анализираме случаите од денешниот ден на утрешниот состанок и потоа ќе излеземе со соодветни предлог мерки до штабот и Владата“, рече Филипче.
Во однос на собирот во Струга, министерот Филипче рече дека е непочитување на здравствените работници, кои два и пол месеци пожртвувано работат за што побрзо да се излезе од кризата предизвикана од коронавирусот.
„Ова е непочитување и кон граѓаните кои ги почитуваат мерките. Најостро ги осудувам сите кои не ги почитуваат мерките и очекувам темелна истрага за собирот на граѓаните во Струга. Институциите мора да ги санкционираат прекршителите, за во иднина да се спречат вакви прекршувања“, додаде Филипче.
фото: Архива