Честитка по повод 9-ти Мај, Денот на Европа од Петар Колев, претседател на ГДУ. Во честитката се вели:
-Би сакал од мое лично име и од името на Граѓанско Демократската Унија, да ве поздравам и да ви го честитам 9-ти Мај- Денот на Европа.
9-ти Мај е симбол на победата врз едно зло, што позади себе остави многу смрт, болка и урнатини. Химната на Европа „Ода на радоста“ е потсетник дека сите ние треба да се стремиме кон тоа да го зачуваме нашиот заеднички дом, обединет и подготвен за предизвиците со кои што се соочуваме во моментот и со оние кои што ќе се појават на нашиот пат во
иднина.
Македонија може да биде успешна само како дел од таа Европа. Ние немаме друга алтернатива освен да работиме напорно за тоа нашата земја да почне да ги чувствува основните демократски вредности врежани во слободарскиот дух на стариот континент. Македонија може и ќе биде држава во која ќе владеат принципите на правото и правната држава. Македонија нема вечно
да спаѓа во категоријата на земји со хибриден режим. Македонија ќе се раздели со синдромот „наше дете“ останат од времето на комунизмот.
Македонија има сила да биде нормална европска земја, затоа што има граѓани на кои им е грижа за сопствената земја.
Да работиме заедно за тоа. Да им покажеме на остатоците од лошите практики во минатото дека ние можеме да се избориме за подобри денови за нас и нашите деца.
Без нарачани судски пресуди, без „бомби“, без непотизам, без корупција во невидени размери, без малтретирање на обичниот човек, без замајување и бегање од вистинските проблеми на граѓаните.
Нека ние честит Денот на Европа и да ја направиме заедно Македонија навистина европска Република.
фото: Архива