Белгискиот виролог Марк Ван Ранст сподели снимка од јапонски експеримент кој прикажува колку брзо коронавирусот се пренесува меѓу луѓето во кафулињата и рестораните.
Експериментот собрал 10 учесници, а судијата бил заразена личност. На рацете му нанеле флуоресцентна боја, а потоа сите седнале да јадат.
По половина час светлата се изгасиле, а под ултравиолетово светло се глeда како честиците се прошириле на целото друштво, приборот и масата, па дури и на лицата на луѓето,објави Слободен печат.
Фото: ABC News