Скопје

Изгубен човек во Скопје си го бара семејството, помогнете да ги најде најблиските

На социјалните мрежи синоќа се појави објава во која се вели дека човек со лошо помнење е задржан во скопско кафуле. Во објавата се бара помош поскоро да се пронајде неговото семејство и човекот да се врати дома.

„Луѓе, човекот дојде во ’Кафе Корзо’ во Центар. Има лошо помнење, мисли дека е 1997 година. Би ве замолил ако може да споделите, можеби некој ќе го препознае. 02 3226 002 – јавете се на бројот доколку знаете како да се стапи во контакт со негов близок. Ви благодарам“, стои во објавата на Фејсбук.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток